23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Испрати ли директна закана Драган Ковачки до првиот човек на полицијата?: Биди сигурен дека набргу од денес некој ќе дојде по тебе, ако не му се извиниш на Мицкоски

„Вечерва Претседателот Христијан Мицкоски е во Велес во манастирот Св. Димитрија.

Министре Спасовски, имаш опција веднаш да ги пратиш твоите режимски полицајци да го уапсат или да се извиниш за тоа што го тврдиш.

Ако ништо од ова не направиш, биди сигурен дека набргу од денес некој ќе дојде по тебе“, му се закани Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук откако првиот човек на полицијата му возврати на денешната расправа во собранието на Ковачки дека :„ВМРО ДПМНЕ го криеше убиството на Мартин Нешковски, а ќовек близок до Мицкоски го уби ракометарот Денис Тот“.

Со оглед дека оваа закана доаѓа од висок функционер на опозицијата, а е упатено до првиот човек на македонската полиција се работи за скандал од големи размери.