12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Си-ен-ен: Победата на Макрон е огромен удар за Путин

Рускиот претседател Владимир Путин доживеа огромен удар кога Емануел Макрон ја победи екстремно десничарската противкандидатка Марин Ле Пен, сојузничката на Путин, и стана првиот француски претседател во една генерација што победил на изборите, се вели во анализата на Си-Ен-Ен.

Набргу по затворањето на повеќето избирачки места низ земјата, анкетарите предвидуваа дека Макрон ќе добие 58,2 отсто од гласовите наспроти 41,8 отсто од Ле Пен.

Гласачите едноставно се одлучија, во овие тешки времиња, за безбедно опкружување, наместо за огнен кандидат на екстремната десница, која вети дека ќе ги распарчи економијата и општеството и ќе ја приближи Франција уште поблиску до Русија.

Пред сè, изборите во недела ефективно го решија, барем во овој момент, најголемото прашање поставено за време на кампањата: Дали повеќето Французи навистина сакаат толку многу да ја променат својата земја? Особено сега кога Макрон е во позиција да го преземе де факто раководството на Европа, пишува Си-Ен-Ен.

Откако ќе заврши прославата на победата, реизбраниот претседател ќе има многу работа и голем дел од светот ќе има големи очекувања од него. Макрон има уште два месеци како титуларен лидер во Европа во ротирачкиот систем, кој на секоја земја од ЕУ и дозволува мандат од шест месеци.

Во исто време, ќе има предизвици и можности – Финска и Шведска се на прагот да бараат членство во НАТО, а Украина бара брз начин за влез во ЕУ. Потоа, тука е растечкиот проблем со бегалците, околу 5 милиони луѓе ја напуштија Украина за два месеци и тој бран ќе продолжи.

Западот во овој момент сè уште има силен и лојален сојузник со демократски аспирации и принципи кои ќе играат клучна улога во иднината на Европа, пишува Си-Ен-Ен и заклучува: Би било добро САД да ја ценат оваа победа.

Спонзорирано: