14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Пораз на десничарот Јанша, еден од поддржувачите на Мицкоски

Според резултатите од излезните анкети што Медијана ги спроведе за РТВ Словенија и Поп ТВ, убедливо слави партијата Движење на слободата на чело со Роберт Голоб. Таа доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија, која доби 6,8 отсто од гласовите.

Пратеничкиот праг би го преминале и партијата на Тања Фајон од СД со 6,6 отсто од гласовите и партијата Левица на Лука Месеца, која доби 4,4 отсто од гласовите.

На изборите во 2016 година Јанез Јанша освои релативно мнозинство со својата партија, но поради недостаток на коалициски партнери не успеа да формира влада. Во тоа време, левичарската коалициска влада ја формираше Марјан Шарец, иако тој имаше двојно помалку пратеници во парламентот од 26-те на Јанша. Меѓутоа, владата на Шарц падна по две години и беше наследен од сегашниот Јанша.

Државната изборна комисија на својата веб-страница околу 20.30 часот ќе почне да ги објавува првите официјални делумни резултати од анкетите, како и проекции за тоа колку пратенички места би можела да има секоја партија во новиот парламентарен состав.

Спонзорирано: