10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Гутереш не се обидел да разговара со Путин

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не се обидел да стапи во контакт со рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа изјавила дека никој не се обидел да стапи во контакт со Владимир Путин, ниту преку Постојаната мисија на Русија во ОН, ниту директно со Министерството за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Захарова, исто така, ги негираше претходните тврдења на официјалниот портпарол на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, дека Гутереш наводно се обидел да стапи во контакт со Путин уште од првиот ден од воената операција.

Гутереш рече дека потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс, како негов специјален пратеник, отпатувал во Москва и Киев за да се постигне хуманитарен прекин на огнот, што, како што рече, во моментов се чини не е можно.

Грифитс денеска изјави дека планира повторно да отпатува во Русија за да разговара за ситуацијата во Украина, по посетата на Турција, која треба да биде реализирана во текот на неделата, пренесе ТАСС.

Спонзорирано: