10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лазаревска: Раководството на СОНК да се врати на дијалогот

Учебната година треба да продолжи во интерес на учениците и образованието. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но, исто така и правото на образование, кое не смее да биде нарушено, порача денеска пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Според Лазаревска, одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто и нова методологија за постојан раст на платите од страна на СОНК, покажува дека раководството на овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците.

„СДСМ е политичка партија којашто конкретно, со бројни мерки и политики, покажала дека го цени и го вреднува трудот на наставниците, професорите, на сите работници. Во образованието СДСМ ги покачи платите за 21%, пет пати повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се покачија едвај за 4%“, посочи претставничката на владејачката партија.

Но, како што рече таа, во време на глобална економска и енергетска криза, раководството на СОНК одбива значително покачување на платите во просек од над 2.500 денари.

„Се одбива на овој начин вкупно покачување од 31% процент на платите за период од неколку години. Тоа не е разумен став туку уценувачки, кон образованиот процес и кон самите ученици и нивните родители. Платите во образованието и оваа година ќе се покачат, но истовремено ќе се создаде нова методологија со која платите на наставниците ќе растат во континуитет“, истакна Лазаревска, додавајќи дека пролонгирањето на учебната година ќе создаде нови проблеми кои на крајот ќе бидат врз грбот на учениците, родителите и наставниците.

Спонзорирано: