26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Првиот западен лидер што се сретна со Путин: Зошто ја спомнаа Југославија?

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во најава за интервју за NBC изјави дека „Владимир Путин верува дека ја добива војната“. Целосното интервју ќе се емитува утре во САД.

Нехамер се сретна со рускиот претседател претходно оваа недела и со тоа стана првиот западен лидер што го сторил тоа од почетокот на инвазијата во февруари.

„Тој живее во свој свет, ги обвинува Украинците за геноцид“

Тој вели дека му рекол на Путин во Москва дека „морално ја губи војната“ и дека „сите одговорни за воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Во делови од интервјуто на Нехамер за NBC, австрискиот канцелар рече дека верува оти Путин живее во свој свет.

„Мислам дека сега е во неговата логика на војна. Тој мисли дека војната е неопходна за безбедносни гаранции за Руската Федерација. Тој не и верува на меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцидите во Донбас. Значи, додека е во својот свет , Мислам дека знае што се случува во „Украина. Но, мислам дека верува дека ја добива војната“, рече Нехамер.

„Тој ми рече дека ќе соработува со меѓународната истрага.

Водителот го прашал Нехамер за реакцијата на Путин на обвиненијата за воени злосторства, пренесува Индекс.

„Ми рече дека ќе соработува со меѓународната истрага, од една страна, а од друга страна, ми рече дека нема доверба во западниот свет. Така што тоа ќе биде проблем во иднина. Мислам дека меѓународната доверба во Обединетите нации, меѓународна истрага, е неопходна. Така, тоа беше тешка дискусија едни со други.

Но, се обидов да го убедам дека, на пример, војната во поранешна Југославија ни покажа дека меѓународната истрага е корисна за гонење на воените злосторници“, изјави австриската канцеларка за NBC.