Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Драстична промена на времето носи пороен дожд, некаде и снег и значително намалување на температурите – Метеоцентар со детали

Под влијание на влажна и студена воздушна маса утре времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Можеби ќе ве интересира

Спасовден 2026: Денот кога народот верува дека молитвите имаат посебна сила

ДЕСК

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО, НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четиридневна прогноза

ДЕСК

Понеделник е неработен ден

ДЕСК