9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Јасна поддршка од САД и ЕУ за почеток на преговорите

„Соединетите Американски Држави изразија јасна поддршка за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, исто како што го направи тоа и претседателот на Европската Комисија, госпоѓа Фон дер Лајен на нејзината последна прес-конференција во Софија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА од Делфи економскиот форум.

Тој изјави дека во рамките на форумот се сретнал со премиерите од регионот, но и претставникот на САД за Западен Балкан, Ескобар при што разговарале за европската перспектива на регионот.

„Ја истакнавме нашата посветеност на евроинтеграцискиот процес на Владата и на сите политички партии коишто ја сочинуваат Владата и мнозинството граѓани во државата. За тоа сведочат нормално и сите наши одлуки коишто ги носиме во светло на актуелните политички и геостратешки случувања во Европа особено агресијата на Русија врз Украина“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Северна Македонија и Албанија ги имаат исполнето условите за отпочнување на првата меѓувладина конференција, но дека поради предизвикот кој нашата земја го има со Бугарија, се уште не е одобрена преговарачката рамка од страна на ЕУ.

Спонзорирано: