10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Фереро“ мора да затвори фабрика за чоколади во Белгија поради салмонела

Фабриката за чоколадите „Киндер“ во Белгија, во сопственост на „Фереро“, мора да се затвори откако е поврзана со десетици случаи на салмонела.

Белгискиот орган за безбедност на храната AFSCA, исто така, нареди повлекување на сите производи „Киндер“ произведени во фабриката во Арлон, Белгија.

Случаи на салмонела поврзани со чоколадото „Киндер“ се пријавени во повеќе земји: Хрватска, САД, Велика Британија, Германија, Франција и Белгија. „Фереро“ се извини и ги призна пропустите.

И Агенцијата за храна и ветеринарство најави повлекувње на неколку серии од Киндер производите на компанијата „Фереро“ од сите маркети во Македонија откако добила известување од Системот за брзо предупредување.

Белгискиот орган за безбедност на храна AFSCA соопшти дека фабриката добила наредба да се затвори откако „Фереро“ не можел да обезбеди целосни информации за истрагата.

AFSCA порача и дека истрагата е во тек и на фабриката ќе ѝ биде дозволено повторно да се отвори само доколку „Фереро“ може да ги обезбеди потребните гаранции дека производството е во согласност со прописите за безбедност на храната.

Спонзорирано: