21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Ќе ви заплаче срцето: Писмото на едно дете до убиената мајка во Украина расплака многу луѓе

Украинската пратеничка Лесија Василенко објави шокантно писмо од момче кое ја загубило мајка си.

„Мамо, ти благодарам за најдобрите девет години од мојот живот. Ти благодарам многу за моето детство. Никогаш нема да те заборавам“, стои во писмото што наводно го напишал деветгодишна Украинка до мајка која го загубила животот во војната во Украина.

„Ви ветувам дека ќе бидам добар за еден ден да се сретнеме во рајот“, е дел од писмото што го објави украинската пратеничка Лесија Василенко на нејзиниот Твитер профил.

Момчето, пишува пратеничката, се заглавило во автомобилот со неговата мртва мајка откако биле погодени од рафал од руски куршуми.

Пратеничката во твитетот напиша дека писмото пристигнало од Хостомел во Киевската област.

фото илустрација/pixabay

Спонзорирано: