16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

НАТО потврди: Во тек се дискусии за приклучување на двете земји во алијансата

Финска и Шведска наскоро би можеле да се приклучат на НАТО, а претставници на Алијансата потврдија дека дискусиите за приклучување на двете земји во блокот станале многу сериозни по руската инвазија.

Според некои официјални лица, таквиот потег дополнително ќе ја нагласи стратешката грешка на Русија во инвазијата на Украина.

Ова прашање било на дневен ред на овонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, на кој присуствувале и министрите за надворешни работи на Стокхолм и Хелсинки, соопштија високи претставници на Стејт департментот, пишува Си-Ен-Ен.

Тие рекоа дека ваквите дебати го нагласуваат степенот до кој инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин служела само за заживување и обединување на НАТО, што е токму спротивно од предвоените цели на Путин.

Рускиот претседател побара НАТО да престане да се шири кон исток и да прифати нови членки, обвинувајќи го блокот за закана за руската безбедност. Наместо тоа, НАТО ја зголеми својата поддршка за Украина и се подготвува да ги пречека новите членки.