19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Челниците на ЕУ со реакции за ракетниот напад: Ова е застрашувачко, потребни се повеќе санкции

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го осуди нападот на железничката станица во украинскиот град Краматорск.

„Застрашувачки е да се види како Русија напаѓа една од главните станици што ја користат цивилите кои се евакуираат од регионот каде Русија го засилува својот напад. Потребна е акција: повеќе санкции за Русија и повеќе оружје за Украина доаѓаат од ЕУ. Само што беше одобрен петтиот пакет санкции“, напиша тој.

Со реакција се јави и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Силно го осудувам неселективниот напад на Русија на железничката станица Краматорск, во кој загинаа десетици луѓе, а многу други беа ранети“, напиша Борел на „Твитер“.

„Ова е уште еден обид да се затворат патиштата за бегство за оние кои бегаат од оваа неоправдана војна и да се причини човечко страдање“.

Борел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Спонзорирано: