13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Ова е зло кое нема граници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на железничката станица Краматорск, во кој загинаа најмалку 35 лица.

„Окупаторите ја погодија железничката станица Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекаа да бидат евакуирани. Околу 30 луѓе загинаа, а околу 100 се повредени. Полицијата и спасувачите се веќе на терен. Ова е зло што нема граници. И ако не се казни, никогаш нема да престане“, напиша Зеленски на Инстаграм.

Руското Министерство за одбрана сугерираше дека Украина ги нападнала сопствените цивили и ја отфрла одговорноста за ракетните напади на железничката станица во кои загинаа повеќе од 35 луѓе, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Тие тврдат дека типот на проектил користен во нападот го користи исклучиво украинската армија.

Спонзорирано: