13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Чуваме тела на 7.000 загинати руски војници, Русија не сака да ги земе

Украина чува околу 7.000 безживотни тела на руски војници во мртовечници и ладилници во железнички вагони, изјавил украински функционер за „Вашингтон пост“.

Олексиј Арестович, советник на шефот на претседателската администрација на Украина, вели дека владината бројка од 18.600 загинати Руси се заснова на украинските извештаи од бојното поле и на пресретната руска воена комуникација.

На третиот ден од инвазијата Украина се обиде да ги врати телата на 3.000 руски припадници, рече тој. Нагласи дека Русите одговориле: „Не веруваме во такви бројки. Ние не располагаме со такви податоци. Не сме подготвени да ги прифатиме“.

„Украина во повеќе наврати предложи размена“, рече Арестович, но „тие воопшто не сакаат да разговараат за тоа“.

Министерството за внатрешни работи на Украина објави веб-страница и канал на „Телеграм“ на кои Русите можат да пребараат слики од мртви и воени заробеници или да пополнат онлајн формулар за да побараат информации за членови на семејството.

Спонзорирано: