14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финска конфискуваше скапи уметнички дела, Русија ги позајмила на музеи во Италија и Јапонија

Финската царинска служба соопшти дека го стопирала враќањето на уметнички дела вредни околу 42 милиони евра во Русија поради санкциите на Европската унија и најави дека ќе се консултира со Брисел што ќе се случува понатаму.

Минатиот викенд царинските служби заплениле три транспорти на слики, статуи и антиквитети кои биле позајмени во музеите во Италија и Јапонија, а враќањето било извршено преку Финска.

Сами Ракшит од финската царина рече дека уметничките дела се сметаат за луксузна стока и се предмет на санкции наметнати од Европската унија против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Запленетите уметнички дела остануваат во сопственост на Русија и ќе се чуваат под надзор на финската агенција за наследство, соопштија царинските службеници.

Минатиот месец, два музеи во Милано рекоа дека се подготвени да вратат неколку позајмени уметнички дела на руските музеи кои побарале предвремено враќање.

Спонзорирано: