20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТ

Британскиот премиер: Биолошките мажи не треба да се натпреваруваат со жените

Британскиот премиер, Борис Џонсон сметаа дека тие кои се родени како мажи, односно трансродовите жени не треба да добиваат дозвола да се натпреваруваат во женските спортови по контроверзите околу спортските натпреварувања во САД и Британија.

„Не мислам дека биолошките мажи треба да учествуваат во женските спортски натпреварувања. Можеби тоа е контроверзно мислење, но за мене е сосема вообичаено. Верувам дека жените треба да имаат сопствени простории, во затворите или во болниците. Знам дека ова ќе предизвика конфликт со дел од политичарите, но мора да го надминеме тоа. Тоа не значи дека не сочувствувам со луѓето кои сакаат да го сменат својот пол, но ова се комплексни прашања кои немаат едноставен одговор“, изјави Џонсон.

Оваа изјава доаѓа неколку дена откако велосипедистот Зек Бриџис, кој од 2020 се нарекува Емили Бриџис не доби дозвола да настапува на Британскиот омниум шампионат од страна на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ). 21-годишната Бриџис откако постави повеќе јуниорски рекорди во машка конкуренција, требаше да дебитира во женското натпреварување, но правилата на УЦИ велат дека мора да има ниво на тестостерон помалку од 5 nmol/L барем 12 месеци во низа.

Спонзорирано: