9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Шри Ланка прогласена итна, вонредна здравствена состојба

Здравствените власти на Шри Ланка прогласија итна, вонредна здравствена состојба бидејќи општата криза се влошува.

Највисокото медицинско тело на Шри Ланка прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и опрема во земјата.

Во извештајот на Би-Би-Си се прецизира дека тоа значи дека државните здравствени установи, од кои зависи мнозинството жители на оваа островска држава, отсега приоритет ќе им даваат само на итните случаи.

Оваа јужноазиска нација, исто така, се бори со прекини на струја и недостиг на електрична енергија предизвикани од економската и финансиската криза, што доведе до масовни протести против претседателот Готабаја Рајапакса.

Целата влада на Шри Ланка поднесе оставка, но претседателот досега одбиваше да поднесе оставка самоиницијативно, а наместо тоа ги повика опозициските партии да му помогнат да формира нова, национална влада.

Револтираните граѓани на Шри Ланка му пркосеа на полицискиот час кој требаше да трае од петок до недела за да ги запрат планираните протести.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Филипче ги посети преживеаните во несреќата: Тие се во добра здравствена состојба

M T