7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче ги посети преживеаните во несреќата: Тие се во добра здравствена состојба

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој замина за Бугарија по автобуската несреќа кај Перник, каде што загинаа 45 луѓе, ги посетил седумтемина преживеани во болницата „Пирогов“. Тој рече дека тие се во добра здравствена состојба, некои од нив имаат расеченици бидејќи ги кршеле прозорците и скокале од задниот дел на автобусот, а еден од преживеаните имал скршеници.

Филипче рече дека меѓу загинатите има и членови на едно семејство.

Премиерот Зоран Заев, пак, изрази жалење за стравотната несреќа. Тој рече дека патниците во автобусот биле од разни градови од Македонија.

„Од повеќе места се и од разни националности. Има еден граѓанин од Прешево, кој бил со свршеницата од Куманово и едно лице со белгиско државјанство“, рече Заев.

И македонската амбасада во Софија испрати свој претставник во болницата „Пирогов“.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31. километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден во правец кон Благоевград.

Во Бугарија досега не се памети поголема автобуска несреќа. Бугарските медиуми пренесуваат дека во 1996 година имало автобуска несреќа, загинале 16 луѓе, кога не бил изграден автопатот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Шри Ланка прогласена итна, вонредна здравствена состојба

M T

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

M T

Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

M T

Филипче: Не се потребни дополнителни ковид мерки, ситуацијата е прилично мирна

M T

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

M T

Филипче: После 70 години целосно реновирани 1.300 квадратни метри на Клиниката за Ортопедија

M T