12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Чеченскиот лидер Кадиров му се налути на портпаролот на Путин

Песков го налути Кадиров бидејќи не му честитал за унапредувањето кога минатата недела му беше доделен чинот генерал-полковник.

Чинот му го додели лично рускиот претседател Владимир Путин.

Чеченскиот лидер објавата за Песков на Телеграм ја заврши велејќи дека „скалата на приоритети поставени од Песков е неприфатлива и дека нешто во врска со тоа мора да се преземе“. Инаку, Песков со години е со рускиот претседател и припаѓа на најтесниот круг на негови соработници.

Пред Кадиров вака никој не го нападнал Песков, пишува Times, а Кадиров јавно го критикуваше и преговарачот со Украинците, Владимир Медински. Тој е човек избран лично од Путин.

Татјана Становаја од Московскиот центар Карнеги наведува дека проблемот на Кадиров е Кремљ, но дека Путин во моментов е премногу силен, па тоа не му е голем проблем.

Становаја смета дека Путин мора да го покани Кадиров во Кремљ и да му објасни кои граници не може да ги премине.

„Путин е зафатен со други работи во моментов“, изјави Становаја за Times.

Спонзорирано: