10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТТОП ВЕСТИ

Утре ќе има нови санкции кои ќе ја турнат Русија во економска и технолошка изолација

Ќе има нови остри санкции за Русија.

САД за утре најавуваат нов пакет-санкции против Русија во координација со земјите членки на Г7 и Европската Унија, изјавил претставник на администрацијата на Бајден за Си-ен-ен.

Тие ќе предизвикаат нови значителни трошоци за Русија и ќе ја турнат земјата во натамошна економска, финансиска и технолошка изолација.

Со новите санкции ќе се забранат нови инвестиции во Русија, ќе се заострат постојните санкции кон финансиските институции и државните компании. Мерките ќе бидат насочени и против руски владини претставници и членови на нивните семејства. Тие велат дека одговорните за масакрот во Буча треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Европската комисија денеска предложи ембарго за увоз на руски јаглен, како дел од новата рунда санкции против Кремљ поради инвазијата на Украина, јави Њујорк тајмс.

Британските власти денеска објавија дека замрзнале 350 милијарди долари девизни резерви на рускиот режим, од таканаречената воена каса на рускиот претседател Владимир Путин.