11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Јанша: Го поддржувам испраќањето на системот С-300 во Украина

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека го поддржува испраќањето на системот С-300 во Украина.

„Да, го поддржувам тоа бидејќи тоа е опремата што најмногу и’ треба на Украина“, изјави тој за Си-ен-ен, додавајќи: „Не сакам многу да зборувам за тоа што им даваме“, пренесе „Индекс“.

Јанша, исто така, рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му рекол дека неговата влада е подготвена да им предложи на Украинците референдум за промена на Уставот со цел да се откаже од желбата на Украина да се приклучи кон НАТО.

„Мислам дека донесоа некоја прагматична одлука бидејќи, откако ќе победат во оваа војна, мислам дека НАТО ќе сака да влезат“, рече Јанша. „Кога ќе победат во оваа војна, украинската армија ќе биде една од најсилните, ако не и најсилната армија на европскиот континент.

Спонзорирано: