16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Велика Британија воведува нови санкции за руските олигарси

Обединетото кралство воведе нови санкции за руските олигарси. Имено, објавени се нови закони кои имаат за цел да ги спречат руските олигарси да пристапат до британските воздухопловни и поморски технички услуги, јавува Би-би-си.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека законот ќе забрани одржување на авиони или бродови што им припаѓаат на санкционираните руски олигарси или нивните компании.

„Нема сомнеж дека Путин и неговата елита се изненадени од силата на нашите санкции. Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот сè додека руските трупи се во Украина, таргетирајќи ги не само компаниите на олигархот, туку и нивниот имот и начин на живот“, рече британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street

Спонзорирано: