Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски дипломат: Американско-руските односи се на работ на прекин

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков изјави дека САД мора да се откажат од понатамошната ескалација на односите со Русија и да престанат да испорачуваат оружје на Украина.

Иако односите меѓу Соединетите Држави и Руската Федерација се затегнати со руската инвазија на Украина, Рјабков рече дека врските меѓу двете земји не треба дополнително да се влошуваат.

„Америка треба само да ја запре својата ескалација, и вербално и во однос на испумпувањето оружје во Украина. Мора да престанат да ѝ се закануваат на Русија“, рече Рјабков.

Во исто време, според Рјабков, Вашингтон мора да биде подготвен позитивно да влијае на владата во Киев, што сега не е случај.

„Доколку успеат да имаат позитивно влијание врз Киев, тогаш ќе има одредени шанси за нормализирање на руско-американските односи. Но, јас не само што се сомневам во тоа, туку сигурен сум дека тоа нема да се случи“ – истакнува заменик-министерот за надворешни работи на Русија.

Очекувано, на прашањето кој е виновен за нарушувањето на односите меѓу САД и Русија, Рјабков нагласи дека вината е целосно американска.

„Тоа го прифаќаме со жалење, но таквата одлука нема да влијае на нашата решеност да се движиме кон остварување на нашите цели во Украина. Исто така, активностите на САД нема да можат да ја спречат Русија да се прилагоди на санкциите наметнати од САД и нивните европски сателити“ – објаснува Рјабков.

На крајот, тој нагласи дека на 21 март американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан бил поканет да разговара со руската дипломатска мисија.

„Вчера на американскиот амбасадор му беше врачена протестна нота во која се вели дека она што се случува ги доведе односите меѓу Русија и САД на работ на нарушување“ – заклучи Сергеј Рјабков.