8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Германија нов рекорден број на заразени од коронавирус

Во Германија оваа недела речиси секој ден се поставува нов рекорд во бројот на новозаразени лица од коронавирус.

Според Институтот „Роберт Кох“, во изминатите 24 часа регистрирани се 297.845 нови случаи на зараза. За споредба, во петокот минатата недела бројот на новозаразени беше 252.836 лица.

Седумдневната инциденца поставува и нов рекорд, со 1.706,3 на 100.000 жители. Само ден претходно беше на ниво од 1.651,4.

Во последните 24 часа починаа 226 лица заразени од коронавирус, соопштија тамошните власти.

Спонзорирано: