11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Жители на уништена зграда во Киев се качуваат по своите работи

Дописничката на „Скај њуз“ од Киев јави дека жителите на станбениот блок погоден од бомба се качувале во уништена зграда за да досегнат по своите работи.

Според досега познатите информации, во нападот загинале две лица, а тројца се повредени.

Дописничката на „Скај њуз“ рече дека издржливоста на украинскиот народ се гледа и во фактот што жителите се вратиле во зградата за да ги земат своите работи.

Таа рече дека станбениот блок бил погоден од артилериски гранати околу 17 часот. Зградата е на само 10 километри северно од центарот на Киев.

„Ова е многу чиста станбена зона“, рече репортерката покажувајќи на неколку куќи околу местото – и соседното училишно игралиште.

„Ова не е ни блиску до нешто што би било воена цел“, додаде таа.

Спонзорирано: