20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кои се и што работат волонтерите кои се приклучија на војната во Украина?

Повеќе од 20.000 доброволци од 52 земји изразија желба да се приклучат на војната во Украина, соопшти Министерството за одбрана минатиот викенд. Си-Ен-Ен разговараше со неколку волонтери во Украина. Тие забележуваат дека сите волонтери поминуваат низ одредена обука. Некои може да пружат помош на бојното поле, додека други можеби воопшто не се сведоци на судирите.

Меѓу нив е и 25-годишниот Брајан од Минесота, кој помина две години во Окинава, Јапонија, каде служеше како дел од американските маринци. „ Ако треба да умрам за да ги заштитам тие луѓе, ќе умрам“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Швеѓанецот Оскар не поминал воена обука. „ Тука сме да помогнеме. Се надевам дека ќе заврши пред да се приближиме до бојното поле, пред да треба да пукаме или да спасиме нечиј живот со медицински средства. Тоа би било најдобро за сите“, изјави Оскар.

Канаѓанецот Дејвид рече дека е способен да поправа гуми за да можат да работат украинските воени возила.

„ Ако е црно, тркалезно и направено од гума, можам да помогнам“, рече тој.

Поранешниот американски маринец Скај Баркли смета дека војната во Украина не може да се спореди со борбата против ИСИС.

„ Зборуваме за огромното количество на проектили што се лансираат низ целата земја, за способноста на Русите да достигнат стотици и стотици милји и да убиваат од такви растојанија“, рече Баркли.

„ Сакам да им помогнам на овие луѓе. Не го сметам мојот живот повреден од нивниот“, додаде Меди Хејс, медицинска сестра која служела во Ирак.

Си-Ен-Ен објасни дека обуката што може да ја обезбеди украинската армија на волонтерите е ограничена, односно тие добиваат од три до 14 дена основна обука. Оние кои сакаат да се приклучат на борбата мора да потпишат едногодишна обврска.

Украинските власти нагласија дека ова „не е покана за авантуристи или викенд-воини“, туку „служење на борбата против големата и безмилосна војска“. Русите, од друга страна, ги сметаат доброволците за платеници, а граѓаните на САД би можеле да се соочат со прогон, заробеништво или смрт. САД, соопштија државните власти, нема да можат да ги евакуираат своите граѓани од Украина.

Спонзорирано: