17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Бомбата во военион авион што се урна во Загреб експлодирала под земја

Бомбата во беспилотнот летало што се урна во четвртокот во Загреб, тежела до 120 килограми и експлодирала под земја, објави вечерва Хрватската радиотелевизија (ХРТ), повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана (МО) кои тврдат дека последиците би биле катастрофални доколку авионот удрел во асфалт или бетон.

Во вечерашниот централен дневен весник ХРТ наведува дека „висок извор во Министерството за одбрана“ тврди дека бомбата била тешка до 120 килограми, но дека удрила во мека земја и експлодирала под земја.

„Доколку удреше во асфалт или бетон, последиците би биле катастрофални“, објави за ХРТ неименуван извор од Министерството за одбрана.

Поголемиот дел од воениот беспилотен воен авион од советско производство беше извлечен утрово откако се урна во четвртокот во близина на Студентскиот дом на Сава.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од воздушна бомба, кои велат дека не се работи за извидувачки авион.

Агенцијата Хина информира дека истрагата е во тек и дека порано денеска во медиумите можеа да се слушнат спротивни мислења на воените аналитичари кои тврдат дека не се работи за воздушна бомба, туку за експлозија на систем за самоуништување на опрема и податоци.

Хина ја наведува оценката на пилотот на хрватското воздухопловство Иван Селак, кој тврди дека е скоро сигурен дека доколку внатре имало експлозив денеска не би имало пола крило од студентскиот дом.

Спонзорирано: