17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два силни земјотреси вечерва во Филипини и Индонезија во разлика од 4 минути

Регистриран е силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер во Индонезија вечерва во 22 часот и 9 минути.

Епицентарот на земјотресот бил 180 км југозападно од градот Паријаман на длабочина од 40 км.

Само четири минути претходно во 22 часот и 5 минути се случил земјотрес и во Лузон, Филипини.

Засега нема извештај за повредени лица или материјална штета.