14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Украина има план: Дајте ни ги руските девизи и злато

Првиот заменик-шеф на Министерството за економија на Украина Денис Кудин зборуваше за блокираните пари на Централната банка на Русија.

Тој за ТВ каналот „Украина 24“ изјави дека украинските власти заедно со западните партнери развиваат механизам за конфискација на блокираните 415 милијарди долари на Централната банка на Русија, пренесува RT.

„Всушност, оваа сума е речиси доволна за покривање на директните еднократни загуби на Украина. Очекуваме дека во блиска иднина, заедно со владите на земјите партнери, ќе најдеме правен механизам преку кој овие пари ќе се потрошат за понатамошна реконструкција на украинската економија“.

Претходно, Централната банка на Русија соопшти дека новите странски санкции ја ограничиле можноста на Русија да ги користи златните и девизните резерви.

Спонзорирано: