20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Првата реакција на Украина: „Дронот не е наш“

Маркијан Лубковски, советник на украинскиот министер за одбрана изјави дека дронот што се урна во Загреб не е украински.

Тој рече и дека се очекува официјално соопштение на украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Лубковски побара од хрватските партнери да спроведат истрага за да се открие кому му припаѓа авионот и како може да се најде над Загреб и да падне во Загреб.

Според Јутарњи лист , тој рекол дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Лубкивски побарал од хрватските партнери да спроведат истрага за да се открие кому му припаѓа авионот и како можел да се најде над Загреб и таму да падне, пишува загрепскиот весник.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека, според досегашните информации, беспилотното летало што се урна синоќа во Загреб е од руско производство, но не се знае дали го поседува руската или украинската армија.

Тој пред новинарите во Париз изјави дека Дронот дошол во Хрватска од правец на Унгарија, а според премиерот Виктор Орбан, дошол во таа земја од правец на Романија, пренесе агенцијата Хина.

Хрватската влада утрово соопшти дека воен дрон се урна во областа Јарун во Загреб и навлезе во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од воздушниот простор на Унгарија.