16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Хрватска влада: Беспилотното летало од воен тип кое се урна во Загреб навлегло од Унгарија

По состанокот на Советот за национална безбедност, хрватската влада соопшти дека е во тек истрага во соработка меѓу криминалистичката и воената полиција, а се преземаат и други мерки во координацијата на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности на настанот
Хрватскиот Совет за национална безбедност на надлежните органи на безбедносниот и одбранбениот систем во врска со падот на непознатото летало синоќа во Загреб, соопшти владата на Хрватска.

На средбата присуствувале вицепремиерот, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, директорот на Агенцијата за безбедност и разузнавање и директорот на Воената безбедносно-разузнавачка агенција.

„Веднаш по падот на беспилотното летало од воен тип, ангажирани се сите надлежни институции и според досега собраните податоци, тоа во хрватскиот воздушен простор навлегло од исток кон запад, односно од Унгарија, со брзина од 700 км/ч на надморска височина од 1300 m“, се наведува во соопштението.

Во тек е истрага во соработка меѓу криминалистичката и воената полиција, а се преземаат и други мерки во координацијата на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности на настанот, велат од хрватската влада.

Н1, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека се работи за беспилотно летало, од советско производство, најверојатно во сопственост на руската или украинската армија кое се корист за извидување. Образложението како се нашло тука е дека или останало без гориво, или без навигација, или се расипало.

Повикувајќи се на експерти, Н1 јави дека дометот на вакви летала е 1 000 километри и е на млазен погон, нема тркала за вообичаено слетување, туку тоа го прави со падобрани што го објаснува податокот дека во околината се пронајдени два падобрани.

Како што објавија хрватските медиуми претходно, жители информирале дека по 23 часот вчера се слушнал силен удар и детонација во близина на студентскиот дом во Јарун.

Спонзорирано: