10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Белата куќа: Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден јавно предупреди дека Русија може да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина.

Белата куќа ги отфрли руските тврдења за нелегален развој на хемиско оружје во Украина, кое ја нападнало Москва.

Оваа недела, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја обвини Украина дека има лаборатории со хемиско и биолошко оружје со поддршка на САД. Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки ги нарече руските тврдења „бесмислени“ и додаде дека тоа би можело да биде обид на Русија да создаде основа за сопствена употреба на такво оружје за масовно уништување против Украина.

„ Сето ова е очигледен трик на Русија за да се обиде да го оправда својот намерен, неоправдан, неразумен напад врз Украина“, напиша Псаки на Твитер во средата.

„ Сега кога Русија ги изнесе овие лажни тврдења, а Кина се чини дека ја поддржа пропагандата, сите треба да внимаваме Русија да не користи хемиско или биолошко оружје во Украина или да спроведе операција користејќи го тоа оружје и да ја обвинува другата страна“ додаде Псаки.

САД со месеци предупредуваат дека Русија би можела да организира одредени операции со цел да создаде изговор за инвазијата. Предупредувањето во средата сугерираше дека Русија би можела да лажира изговор за понатамошна ескалација на двонеделниот конфликт, за време на кој руската офанзива беше забавена поради неочекуван силен отпор од Украинците.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бајден, Макрон, Шолц и Џонсон: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина

M T

Белата куќа: Сите патници кои летаат за САД мора да бидат тестирани за ковид

M T

Белата куќа го спушти знамето на половина копје во чест на животот на децата кои беа убиени во училиште во Тексас

M T

Русија: Ние немаме хемиско оружје

M T

Проруските сепаратисти тврдат: Не сме користеле хемиско оружје

M T

Обама повторно со Бајден во Белата куќа – Пречекан со аплауз

M T