14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: Целта на Владата е заштита на стандардот на граѓаните, носиме низа мерки

„Владата покажа во изминатиот период дека во време на кризи излегува со сет мерки во насока на заштита на стандардот на граѓаните. И сега владата во наредните денови ќе излезе со десетици мерки за подобрување и заштита на стандардот“ рече Дарко Каевски од СДСМ во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека тоа е императив на Владата, за кога граѓантие се соочуваат со кризи, Владата да се грижи за нив.

„ММФ укажа дека околу 60 илјади работни места се соочуваа од пакетите мерки креирани во време на коронакризата. Затоа и овие мерки сега се изготвуваат врз база на сеопфатна анализа на се што се случува во светот“ рече Каевски.

Портпаролот на СДСМ додаде дека ќе се санираат сите последици кои доаѓаат од оваа криза, која го погоди целиот свет.

Спонзорирано: