26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: Опозицијата во криза се однесува недржавнички– прави паника и собира поени

„ВМРО-ДПМНЕ нема став за многу работи, шири дезинформации и влева паника кај граѓаните за политички поени. Тоа го правевте и за пандемијата и за енргетската криза, а исто продолжувате и денес“ рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски во дебата со неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ навремено излезе со мерки за заштита на стандардот на граѓаните за сите кризи.

„Не може да дозволиме една опозициска партија, во вакво време на исклучително кризи, да има недржавничко однесување, да носи одлуки само за политички поени и да наметнува паника“ рече Каевски.

Портпаролот на СДСМ рече дека во вакво тешко време важно е граѓаните да ги имаат точни информации и ја повика опозицијата да го каже својот став за сите важни прашања.