15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Блинкен вети американска помош за Молдавија за згрижување на украинските бегалци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Молдавија вети дека САД ќе и помогнат на оваа поранешна советска република, која е наклонета кон Западот, да се справи со приливот на бегалци од Украина.

Блинкен денеска се среќава со високи претставници на Молдавија кои бараат меѓународна помош за згрижување на повеќе од 120.000 бегалци од Украина и безбедносни гаранции од можна руска агресија.

Блинкен кажа дека начинот на кој Молдавија ги прими бегалците е инспирација за светот.

„Се восхитуваме на великодушното гостопримство, подготвеноста да се биде толку добар пријател на луѓето во тешки времиња и навистина сакам да направам се’ што можеме за да ви помогнeме да се справите со товарот што го носи тоа“, рече Блинкен.

Блинкен вчера беше во Полска каде и вети дополнителна помош на Украина, а претходно во Брисел.