15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Тие што можат да се борат нека останат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која вели дека оние кои треба да ги напуштат градовите кои се во тешка ситуација сега тоа можат да го сторат преку хуманитарни коридори.

Истовремено ги повика да останат оние кои можат да се борат.

Договорен е привремен прекин на огнот во два украински града Мариупол и Волноваха.

Цивилите имаат пет часа да ги напуштат своите домови.