20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Четири руски авиони влегле во шведскиот воздушен простор

Четири руски борбени авиони денеска накратко влегоа во шведскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти шведската војска.

Се огласи и министерот за одбрана Питер Хултквист, кој го осуди овој потег на руските воздухопловни сили.

Два руски авиони Су-27 и два авиони Су-24 влегле во Шведска во близина на островот Готланд во Балтичкото Море, соопштија шведските вооружени сили, додавајќи дека шведските авиони ЈАС 39 биле испратени за да спречат нарушување на воздушниот простор. „Руското кршење на шведскиот воздушен простор е, се разбира, целосно неприфатливо“, изјави министерот за одбрана Петер Хултквист за ТТ.

Тој додаде дека наскоро ќе пристигне дипломатски одговор од Стокхолм.

„Мора да се почитуваат шведскиот суверенитет и територија“, додаде тој.

Шведската армија соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека инцидентот покажува дека подготвеноста на авијацијата е добра.

– Во светло на моменталната ситуација (во Украина), овој настан го сметаме за многу сериозен, се додава во соопштението на армијата.