17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тргнале да го бараат исчезнатиот МИГ-21, па настрадале: Се урна хеликоптер испратен во потрага по исчезнатиот авион во Романија, загинаа пет војници

Романски хеликоптер, испратен во операција за потрага и спасување на воен авион МиГ-21 ЛансР, се урна во близина на брегот на Црното Море.

Сите пет војници кои биле во хеликоптерот починале, изјави Константин Спину, портпарол на романското Министерство за одбрана.

Пилотот на хеликоптер IAE 330-Puma пријавил лошо време и бил повикан назад во базата пред падот, соопшти Министерството.

Хеликоптерот е пронајден на 11 километри од аеродромот.

Министерот за одбрана Василе Динку изрази сочувство до семејствата на загинатите војници и додаде дека потрагата по пилотот на авионот Миг 21 е во тек.

Пред оваа трагедија, воен авион МиГ-21 изгубил контакт со контролната кула. Потрагата по авионот, кој последен пат беше регистриран на радарските екрани северно од Констанца, се уште трае, а засега нема информации за состојбата на пилотот или авионот.

фото Pixabay

Спонзорирано: