10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пратеникот Крмов од Левица со цитат од Шекспир:„Нека има војна велам јас …“

Борис Крмов, пратеникот на Левица на својот твитер профил сподели цитат од „Кориоланус“ трагедија на Вилијам Шекспир, во која има повик на војна.

„Нека има војна велам јас: Го засенува мирот како денот ноќта: Таа е бласкаво будна, звучна и полна изблици. Мирот е мртвило летаргија;замаен, глув, сонлив, нечувствителен“ – пишува на твитер профилот на пратеникот Крмов.

По руското признавање на независноста на Донецк и Луганск, серија реакции со осуда на Русија, беа споделени на социјалната мрежа Твитер. За разлика од твитер статусот, на претникот на Левица, државно политичкиот врв во нашата земја, како и опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, изразија јасна поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени ‘Народни Републики’. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“ – напиша на Твитер премиерот Димитар Ковачевски.

„Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Донецк и Луганск како независни. Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“ – напиша на Твитер шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Твитер, напиша:„Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја споделува позицијата на ЕУ заснована врз меѓународното право. „Наместо ескалација на конфликтот неопходни се дипломатски напори за преговори врз основа на обврските од Договорот од Минск“, додаде пратеникот.

Спонзорирано: