Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев со фејсбук статус: Младиот Јане Велковски е пример дека со заедничка соработка и поддршка од семејството, државата и јавноста, можат да се изнајдат начини за вистински да им се олесни животот на луѓето со ретки болести

Имаме обврска да работиме за секое дете да биде среќно, да расте безгрижно, да се движи независно. Младиот Јане Велковски е пример дека со заедничка соработка и поддршка од семејството, државата и јавноста, можат да се изнајдат начини за вистински да им се олесни животот на луѓето со ретки болести, напиша на социјалните мрежи поранешниот премиер Зоран Заев.

– За мене Јане е симбол за мотивација и храброст и тоа го докажал многупати. Неговата приказна преку обраќањето во Обединетите Нации, преку глобалните кампањи и преку ова ТЕД видео ја слушна и светот.

Јане, ти благодарам што со твојата позитивна енергија си инспирација за многу луѓе и се надевам на повторна дружба, напиша Заев.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +