13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Заштита на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори со ЕУ ни е главен стремеж

„Интересот на Северна Македонија во разговорите со Бугарија е да се заштити македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но интерес ни е и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Сметам дека низ дијалог можеме и двата интереса да ги исполниме“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Тој додаде дека двајцата нови премири во Северна Македонија и Бугарија покажуваат желба со нова енергија и врз основа на научените лекции од изминатите години да се најде решение за сите отворени прашања.

„Ние јасно и јавно сме ги кажале нашите позиции. Собранието утврди Декларација поддржана од сите партии, кажуваме дека македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори. За останатите прашања, кои се од грижа на Бугарија ние сме подготвени да разговараме“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека целта е да се има позитивна комуникација и дека токму затоа се формирани и работните групи кои отвораат можности и проекти за соработка и зближување во повеќе области.