23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Г7 ѝ се закани на Русија со тешки санкции доколку ја нападне Украина

Министрите за финансии на групата Г7 денеска изјавија дека се подготвени да воведат тешки економски санкции против Русија доколку таа ја нападне Украина.

Министрите оценија дека руската акумулација на војска на украинската граница е причина за голема загриженост и предупредија дека доколку дојде до воена инвазија, како што стравува Западот, ќе има брзи последици за Русија.

„Повторуваме дека секоја натамошна воена агресија на Русија против Украина ќе предизвика брз, координиран и силен одговор“, се вели во заедничката изјава.

„Подготвени сме колективно да воведеме економски и финансиски санкции, кои ќе имаат огромни и експресни последици за руската економија“.

САД во последните денови тврдат дека разузнавачките служби сугерираат оти Русија може да почне инвазија на Украина во секое време и проценуваат дека во близина на украинската граница се распоредени 130.000 војници.

Русија негира дека планира да ја нападне Украина и го обвинува Западот дека шири паника. Г7 ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД, Велика Британија и Канада. Моментно, ротирачкото претседателство е во рацете на Германија.