14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во Франција – најмалку седум мртви, меѓу кои и две деца (видео)

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран дела Салан, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен.

Министерот ќе го посети местото на експлозијата.

Најмалку четири лица се повредени, од кои едно потешко, а околу 25 лица се евакуирани.

27-годишен маж, многу тешко повреден, бил пренесен во болница, а наводно скокнал од првиот кат за да избега од пламените јазици.

Три лица биле полесно затруени од испарувања. Околу 8.30 часот од брзата помош соопштија дека телата се пронајдени во урнатини.

По експлозијата, следуваше пожар, изјави полковникот што интервенира во понеделникот наутро.

На самото место сѐ уште имало 85 пожарникари. Експлозијата погоди најмалку 11 стана.