20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема документ за непроширување на НАТО на исток, тврди Столтенберг

НАТО е силно ангажиран во изнаоѓање политичко решение со Русија, а нема документ за наше непроширување на исток, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„На Русија и презентиравме конкретни предлози во писмени документи, во кои се наведува дека сме подготвени да разговараме за контрола на вооружувањето, мерки за транспарентни воени активности, проекти и други проблеми, изјави Столтенберг.

Тој кажа дека ја поканиле и Москва да присуствува на состаноците во Советот НАТО-Русија, на кои би можеле да ја изразат својата загриженост, со цел да се најде политичко решение за ситуацијата која, како што рече, предизвика акумулација на руската армија, пренесуваат агенциите.

На прашањето дали има потпишан документ за непроширување на НАТО на исток, на кој Русија постојано инсистира, Столтенберг рече дека таков документ никогаш не бил потпишан.

„Напротив, ние како Алијанса со 30 земји секогаш во нашите документи нагласувавме дека вратата за влез во НАТО е секогаш отворена за земјите во Европа кои ги исполнуваат стандардите на НАТО“, рече тој.

Запрашан да ја коментира изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека НАТО не може да се смета за одбранбен сојуз со оглед на воените операции во Југославија, Либија и Авганистан, Столтенберг рече дека „НАТО е одбранбен сојуз, но и во зачувувањето на мирот следи принципот дека напаѓањето на еден предизвикува одговор на сите други сојузници“.

Генералниот секретар нагласи дека НАТО успеал да го зачува мирот меѓу сојузниците повеќе од 70 години и дека самата улога на алијансата не е да предизвикува конфликт, туку да го спречи.

„Работам со многу генерали и моето искуство е дека тие се многу свесни за важноста да се спречи војната, бидејќи знаат колку може да биде страшна и разорна. Затоа НАТО е политички воен сојуз кој секогаш бара политичко решение“, рече Столтенберг.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Столтенберг: Европа ќе ја плати цената за поддршката на Киев, ни претстои тешка зима

M T

Првиот документ за безбедносни гаранции за Украина на крајот на август

M T

Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

M T