24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Научник од „Астра зенека“: Политичарите убија стотици илјади луѓе

Научник од „Оксфорд“ даде шокантни тврдења за угледот на вакцината на компанијата „Астра зенека“, кои ги нанеле политичари и научници.

Сер Џон Бел, научник што работел на развојот на вакцината, вели дека научниците и политичарите веројатно убиле стотици илјади луѓе бидејќи нивните изјави го нарушиле угледот на таа вакцина.

„Тие го нарушија угледот на вакцината на начин што одекна кај остатокот од светот. Мислам дека лошото однесување на научниците и политичарите веројатно уби стотици илјади луѓе, што е нешто на што не можам да се гордеам“, додаде тој.

За време на давањето на вакцината на „Оксфорд/Астра зенека“ во Обединетото Кралство, владините советници препорачаа да им се понуди алтернатива на лица помлади од 40 години поради поврзаноста помеѓу вакцината и многу ретки случаи на згрутчување на крвта.

Поврзани стравови исто така доведоа до тоа многу земји, како Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија, Исланд и Тајланд, да ја прекинат употребата на вакцината на одредено време.

Вакцината исто така не одигра значајна улога во кампањата за бустер-доза.

Коментарите на сер Џон Бел доаѓаат во време кога три од 10-те локални области во Обединетото Кралство бележат зголемување на бројот на случаи од недела на недела.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

M T

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

M T

Откриен „окидач“ што доведува до ретки згрутчувања на крвта по вакцината Астра Зенека

M T

ЕМА додаде редок невролошки синдром како несакан ефект на вакцината Астра Зенека

M T

Заврши судскиот спор меѓу ЕУ и „Астра зенека“, објавени детали од договорот

M T

Британска студија: Заштитата со „фајзер“ и „астразенека“ почнува да паѓа по пет-шест месеци

M T