10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Делчев е национален херој, декларацијата на ВМРО ДПМНЕ е на штета на неговото дело

„Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Крсте Петков Мисирков се дел од нашата колективна свест. Гоце Делчев за нас е нешто свето, еден од најзначајните национални херои, но не мора за секој херој да потврдуваме со декларација во Собранието“ кажа пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во „Само вистина“ на Канал 5.

Таа додаде дека резолуцијата која претходно беше донесена од страна на сите партии има поширока рамка и ги оцртува линиите спроед кои се преговара со Република Бугарија.

„Причината зошто сега ВМРО-ДПМНЕ има иницијатива за ваква декларација е популистичка. Гоце Делчев го гледал светот како поле за културен натпревар, за дијалог, пријателство и мир, а не како што тоа го прави сега ВМРО-ДПМНЕ“ рече Калеска-Ванчева.

Таа додаде дека Гоце Делчев, неговото лик и дело е дел од нашите идентитетски прашања, за кои не се преговара во разговорите со Бугарија.

Спонзорирано: