16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На средбата меѓу Вучиќ и кинескиот претседател потенцирано икреното пријателсво меѓу двете земји

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина, на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

„Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области“, објави Вучиќ на „Инстаграм“.

Тој кажа дека е многу задоволен од средбата и посочи дека кинескиот претседател потврдил дека многу сака да ја посети Србија.

Разговарале за стратешки работи, меѓусебната поддршка во зачувувањето на територијалниот интегиртет во меѓународните институции и организации што, според Вучиќ, е многу важно поради Косово.

Освен тоа разговарале и за договорот за меѓусебна трговија, воено-техничката соработа, инфраструктурните проекти.

Тој му се заблагодарил на кинескиот претседател за гостопримството и упатил честитки за организацијата на церемонијата на Зимските олимписки игри.