14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Короната коси: 26 починати од коронавирус, најмладиот пациент имаше 29 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти од: Скопје – 3.633, Битола – 602, Куманово – 309, Кавадарци – 284, Прилеп – 230, Тетово – 191, Охрид – 177, Штип – 175, Велес – 174, Гевгелија – 159, Струмица – 147, Гостивар – 134, Кичево – 120, Кочани – 98, Ресен – 94, Радовиш – 88, Неготино – 87, Струга – 86, Делчево – 65, Валандово – 56, Свети Николе – 51, Богданци – 31, Демир Хисар – 29, Крива Паланка – 28, Крушево – 25, Македонска Каменица – 18, Пробиштип – 17, Берово – 16, Дебар – 10, Виница – 8, Демир Капија, Македонски Брод и Кратово – по 7, Дојран – 4, Пехчево – 3.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починато лице: 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.197 тестови преку: ИЈЗ-98, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–170, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Авицена-107, Биотек-159, Систина-81, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-10, Генеа-0, Никоб Лаб-444, ВФВ Медикал-49, Ели Медика-24, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.903.

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Спонзорирано: