14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

На изборите во Португалија лично ќе гласаат и заразените со ковид заедно со сите граѓани

Преземени се дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на лекарите заразени со коронавирус да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се во изолација поради Ковид-19, па Владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на гласањето.

Изборната комисија на прес-конференција соопшти дека се исполнети сите услови гласањето да се одржи во апсолутно безбедни услови.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди по бројот на заразени со корона, иако последниот бран на сојот омикрон ја намали смртноста и хоспитализирањата, благодарение на високата стапка на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи, кои без исклучок претходно ќе добијат маски за лице при влегување во избирачкото место.

Спонзорирано: