12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател

Ксенија Вучиќ, позната новинарка и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно почина вечерва на 56-годишна возраст во Белград.

Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години.

Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години водеше исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.

Тоа го потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален профил на Инстаграм.